Илиевски: Ми беше укажана чест, но не успеавме да ги надминеме разликите

Марјан Илиевски беше еден од фаворитите за селектор на Македонија, но не успеа да постигне договор со раководството на МКФ за да ја преземе оваа одговорна функција од Драган Раца, кој се покажа како тотално промашување. Младиот стручњак се заблагодари за укажаната доверба, изразувајќи жалење што за дел од клучните аспекти не успеа да постигне договор со претседателот Петар Наумоски.

Факт е дека ми беше укажана честа од страна на МКФ и ми беше понудено местото селектор на македонската кошаркарска репрезентација. Иако се усоглавивме за еден дел од прашањата, сепак за одредени прашања не успеавме да ги надминеме разликите. Како и да е, на македонската кошаркарска репрезентација и на стручниот штаб им посакувам успех, а јас останувам отворен за соработка онаму каде што мојата стручност и и професионалност ќе бидат придонес кон вкупниот напредок на македонската кошарка“ – истакна Илиевски за ЕКИПА.

По неуспешните преговори со Илиевски, челниците на Македонската Кошаркарска Федерација се во потрага по нов селектор, а главен фаворит за оваа функција е Јорданчо Давитков.

Се вчитува...