Мексико потешко од очекувањата со триумф над Нов Зеланд

Мексико многу потешко од очекувањата славеше над Нов Зеланд со 2-1 за своја прва победа на овогодинешното издание на Купот на Конфедерациите.

Мексиканците важеа за големи фаворити, но одлуката на нивниот селектор да одмори дел од надобрите играчи за малку ќе им се одмаздеше откако во потпросеченото прво полувреме Нов Зеланд изненадувачки прв поведе со голот на Вуд во 43. минута.

Ова беше прв погодок на Нов Зеланд по пауза од 555 минути игра на Купот на Конфедерациите, но сепак беше недоволно за да се стигне до позитивен резултат бидејќи Мексико во вториот дел успеа да го сврти мечот во своја полза. Раул Хименез го израмни резултатот во 54. минута, а во 72. минута Пералта го постигна победничкиот гол за својата селекција.

Аутсајдерот имаше одлична можност да израмни во самиот финиш, но ударот на Томас заврши само во гредата од голот на Мексико.

All Goals Mexico 2-1 New Zealand – 21.06.2017 by diyan-delev

Се вчитува...