Раул: Напад или одбрана, најважно е сите да размислуваат како еден

Македонскиот селектор Раул Гонзалес максимално ги искористи петдневните подготовки за време на ЕХФ-седмицата за да ги пренесе своите тактички замисли врз репрезентативците, на два и пол месеци пред почетокот на Европското Првенство во Хрватска. Шпанскиот стратег се соочи со проблем поради повредите на неколку ракометари на бековските позиции, но во секој случај е презадоволен од сработеното.

Задоволен сум од сработеното, но имавме и доста проблеми бидејќи Кире Лазаров не можеше да тренира со остатокот од тимот, повредени беа и Талески и Кузмановски, а Јоноски не можеше да биде дел од овие подготовки. Оние кои работеа на тренинзите дадоа се од себе, како што реков ставивме акцент на тактиката. Работевме и на одбраната и на нападот, но за мене најважно е сите ракометари да размислуваат исто кога ќе излезат на терен. Затоа трениравме без пријателски натпревар, бидејќи вообичаено се подготвуваме за средби и немаме време за воведување на нови работи. Мислам дека оваа ЕХФ седмица беше одлично искористена“ – изјави Раул Гонзалес.

Се вчитува...