Тотенхем не губи време: „Вајт харт лејн“ се урива помалку од 24 часа по триумфот над Јунајтед

Навивачите и фудбалерите на Тотенхем вчера се простија од „Вајт харт лејн“ на најдобар можен начин, со победа над Манчестер јунајтед од 2-1 и по цели 50 години завршија без пораз на домашен терен во Премиер лигата. Денеска, неполни 24 часа по оваа историска победа започна уривањето на нивниот дом со кој располагаа 118 години, за да може да се ослободи место и да се доврши изградбата на новиот стадион, кој се гради веднаш до стариот терен.

Навивачите вчера имаа можност да земат по некој дел од арената за спомен, па заминуваа дома со столчиња и разни предмети. Тотенхем следната сезона ќе ја игра на „Вембли“, па се надеваат дека во сезоната 2018/19 повторно ќе бидат домаќини на свој сопствен стадион.

„Вајт Харт Лејн“ е изграден во 1899 година, собира со 36,284 гледачи, додека новиот стадион ќе располага со 61,599 седишта, што значи дека ќе двојно повеќе љубители на фудбалот, двојно поголема заработка за управат ана клубот од продажба на дневници.

405868FA00000578-4507080-image-a-106_1494847384723

Се вчитува...