5 причини зошто Вардар прими 5 гола од Зенит

Македонскиот првак Вардар го направи најголемиот успех во историјата на нашиот клупски фудбал со самиот пласман во групната фаза од Лигата на Европа, но пишувањето на историјата го започна на неславен начин. „Црвено-црните“ доживеаја дебакл, губејќи 0-5 од рускиот Зенит на арената „Филип Втори“.

Не е крај на светот, но како што потенцираше и тренерот Чедомир Јаневски, мора да се извлечат големи поуки од овој убедлив пораз. Можеби уште поголем пораз од резултатот е бројката на навивачите на стадионот, кој не беше исполнет ниту до половина од својот капацитет.

Зенит умееше на најдобар можен начин да ги искористи сите грешки и слабости кои се појавија во играта на Вардар. Еве ги петте главни причини за поразот на „црвено-црните“.

Kokorin gol

КОГА ОДБРАНАТА ЌЕ ЈА НАТСКОКААТ НАПАЃАЧИТЕ…Аутсајдерот мора да се надмине себеси со одлична, цврста, добро организирана игра во одбраната доколку сака да се надева на позитивен резултат против фаворитот. Тоа е една од законитостите на фудбалската игра. Синоќа Вардар беше очаен во одбраната. Стоперите Бобан Грнчаров и Дарко Велкоски беа натскокани од противничките напаѓачи, и тука нема веќе помош за голманот Гачевски. Многу бавни реакции, лош тајминг при поставувањето, без енергичност во најголем дел од одбранбените задачи.

Vardar - Zenit 3

АКО ДЕСЕН БЕК ЈА ПОКРИВА ЛЕВАТА СТРАНА… Европскиот фудбал не трпи импровизации. А Вардар ги имаше уште од самиот старт, во почетниот состав. Тренерот Чедомир Јаневски се реши да му даде шанса на десниот бек Владица Брдаровски да ја покрива левата странична позиција. Иако во ростерот има дури три леви бека, Бесир Демири, Дарко Глишиќ и Горан Попов (кој не е регистриран за мечевите од Лига Европа). Тоа искусен тренер како Роберто Манчини веднаш го чита, и умее да го искористи.

Лошо маркирање, лошо отворање кога Вардар почнува напад, едноставно ниту еден фудбалер не се чувствува најдобро, кога не е на својата позиција. По повредата на Брдаровски, пред крајот на првиот дел, во игра влезе Глишиќ, но и тој се вклопи во комплетното сивило на тимот.

Vardar - Zenit 2СРЕДНИОТ РЕД НЕ И ПОМОГНА НА ОДБРАНАТАВардар потфрли комплетно на средината на теренот на синоќешниот дуел. Најмногу потфрли во помошта што средниот ред требаше да им ја даде на дефанзивците. Кога се игра против далеку посилен ривал, тогаш обврските што играчите за врска ги имаат се далеку посложени. Треба на најдобар можен начин да се затворат приодите кон својот гол, да се амортизираат нападите на противникот на средината од теренот. Глигоров, Николов и Фелипе, а требаше да имаат помош и од Блажевски и Џигаури, не успеаја во тоа. Зенит речиси фронтално и многу брзо доаѓаше до најтесната одбрана на Вардар,а потоа беше веќе доцна да се реагира, во неколку наврати.

Vardar - Zenit 5ФЕЛИПЕ Е ЗАГУБЕН, АКО НЕМА ТОПКА ВО НОЗЕВардар игра само ако игра Хуан Фелипе. Тој е „моторот“, тој е идејниот творец на речиси сите акции, ја креира играта на тимот. Но, тоа што се покажа на двата меча против Фенербахче, Роберто Манчини многу убаво го прочита. Ако не му дадете на Фелипе да ја има топката во нозе, и да игра фудбал, тој делува загубено на теренот.

Зенит комплетно го исфрли од игра Бразилецот, а со тоа и не се развиваше играта на Вардар кон противничкиот гол. Од друга страна, Фелипе никогаш и не бил вистински тркач, кој со борбеност, трчање и лизгачки стартови ќе го надомести тоа што не успеал да го даде во креацијата на играта.

Vardar - Zenit 13НАПАДОТ НЕ БЕШЕ „УБИСТВЕН“ КАКО ПРОТИВ ФЕНЕРБАХЧЕВардар имаше сосема поинаква реализација против Фенербахче. Од својата прва шанса, Тигран Барсегјан реализираше на првиот меч во Скопје. Овојпат тоа не се случи против Зенит. Имаше Вардар неколку убави можности, посебно на почетокот на вториот дел, но шутевите не беа прецизни. А кога се игра против таков фаворит, шансите се ретки, и треба да се искористат. Покрај тоа, мора да се напомене, дека Вардар и немаше игра која ќе ги поддржи напаѓачите на овој меч.

Се вчитува...