Фудбал


Третолигашот ФК Работник и официјално стана втор тим на битолски Пелистер и во идниот период ќе функционира комплетно под негов патронат. Новото раководство на Пелистер сака да создаде база за брусење на фудбалските таленти од сопствената пионерско-младинска школа. Во чекор со зацврстување на клупската структура, Пелистер ќе атакува на враќање во прволигашка конкуренција, со што овој фудбалска Битола повторно би заживеала во својот полн сјај.
 
Пелистер почна со комплетна реорганизација откако градот Битола застана зад клубот и се очекува за брзо време тој да се врати на старите патеки. Првиот чекор е да се влезе во Првата лига, а потоа и да се создаде тим што ќе атакува за излез на европска сцена. Искрените фудбалски вљубеници тоа од срце им го посакуваат на Пелистер и на Битола.       
Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.