АБА Суперкуп: Будуќност за десет минути го збриша Морнар

Будуќност е тимот што ќе излезе на мегдан против Цедевита во финалето од премиерното издание на Суперкупот на АБА-лигата, откако црногорскиот првак во второто полуфинале го совлада домаќинот Морнар со убедливи 82-65.

Пресметката меѓу двете најдобри црногорски екипи во Бар мина во апсолутна доминација на актуелниот шампион, кој за само десет минути го скрши отпорот на Морнар, ја доби стартната четвртина со преубедливи 27-10, за потоа рутински да ја одржува предноста до самиот крај. Иако бодрени од верните навивачи, домашните кошаркари немаа сили за камбек, на полувреме губеа со 20 поени (46-26), за во преостанатиот дел од мечот да се помират со убедливиот пораз и фактот дека наместо финале, ги очекува меч за трето место против екипата на Мега Бемакс.

Се вчитува...