Абдурахими е следно засилување за Шкупи?

Македонскиот прволигаш Шкупи по промовирањето на новиот спонзор покажа завидна активност на трансфер пазарот. Веќе ангажираше четири засилувања, од кои три се навистина звучни имиња за македонскиот фудбалски простор, Баже Илијоски, Штефан Вујчиќ и Благоја Љамчевски. Пристигна и младинскиот репрезентативец од Косово, Рон Броја, а веќе денеска тимот од Чаир би можел да дојде до уште едно капитално засилување.

Блиску до шестмесечна позајмица во Шкупи е Бесарт Абдурахими, поранешниот македонски репрезентативец, кој дојде како големо засилување во редовите на Шкендија, но сега е во втор план по одлуката на тренерот Ќатип Османи да не го поведе на подготовките во Охрид. Тоа значи дека за Абдурахими најдобро ќе биде да си побара нова средина, а Шкупи е сериозно заинтересиран да го вклучи во својот состав. Единствен проблем е високата плата на напаѓачот, но разликите полека се „пеглаат“…

Се вчитува...