Адеми е „Фактор Х“ за Динамо: „Па, тој е ѕвер-фудбалер…“!

Македонскиот Аријан Адеми навистина ја воодушевува комплетната фудбалска јавност во Хрватска. По неговото враќање по суспензијата настапи на десет натпревари за Динамо Загреб, а веќе постигна три гола комплетно доминирајќи во средниот ред на „модрите“.

И, против Осијек викендов за првпат во својата кариера постигна два гола на еден меч…

„Да, ете и тоа се случи за првпат. Се чувствувам физички навистина одлично, подготвен сум буквално на се“ – вели капитенот на Динамо Загреб и дополнува:

„Секако головите не се моја примарна задача, но немам ништо против да продолжам да стрелам!“

А, „Адеми е навистина ‘Фактор Х’ за Динамо Загреб’ – пишува и хрватскиот „24 часа“, една од најмоќните фигури во хрватскиот фудбал во последнава декада…

„Да го имате Адеми во својот тим е навистина огромно богатство. Без оглед на тоа како ви оди на терен знаете дека тој секогаш ќе го даде максимумот. За мене тој е ‘ѕвер-фудбалер’, тоа никогаш не било спорно. Навистина ми е мило што после таа нечесна суспензија се врати на овој начин“ – коментира за македонскиот репрезентативец една од легендите на Динамо Загреб, Игор Цвитановиќ.

Се вчитува...