Агуеро: Можеме до трофејот во ЛШ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

Агуеро: Можеме до трофејот во ЛШ

Офанзивниот фудбалер на Манчестер сити, Серхио Агуеро верува дека „граѓаните“ имаат квалитет сезонава да се закитат со трофејот во Лигата на шампионите.

Сити, и покрај големите амбиции, во изминатите две сезони испаѓаше од најквалитетното европско клупско натпреварување уште во прелиминарната фаза.

„Ќе биде навистина тешко, но мислам дека имаме шанси да стигнеме до титулата. Треба само да почекаме и видиме како ќе се однесуваме во втората фаза“ – вели Агуеро.

На избраниците на Мануел Пелегрино им остануваат уште две средби во групата Д против Викторија Плзен и Баерн Минхен, во дуелот за првата позиција.

„Големи заслуги за успехот има Пелегрини, иако во сезоната влеговме стравувајќи затоа што требаше време да се навикнеме на неговиот систем на работа. Тој бара многу од нас на натпреварите и тренинзите, а тоа не охрабрува секогаш да даваме се од себе“ – заклучува Агуеро.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.