Ајакс со провокација до Јунајтед, „ѓаволите“ веднаш вратија… (ФОТО)

Ајакс и Манчестер јунајтед утре вечер ги очекува финалето од Лигата на Европа, меч со кој двете екипи, покрај трофејот, посакуваат и осигурување на учеството во групната фаза од Лигата на шампионите следната сезона.

Титулата од Лигата на Европа е единствениот трофеј кој му недостасува на Јунајтед во богатата негова историја, па од Ајакс го искористија овој факт за мала провокација на екипата со која се среќаваат утре.

„Поздрав до Манчестер јунајтед, слушнавме дека нешто ви недостасува во витрините. Ние ќе се потрудиме така и да остане“ – напишаа од холандскиот тим на својот официјален твитер профил.

ajax1

Секако, „црвените ѓаволи“ не останаа должни, па порачаа: „Нашите витрини се веќе прилично полни, но не грижете се – секогаш може да направиме уште место“.

ajax2

„Ќе дознаеме во среда – се гледаме во Стокхолм“ – дополнија за крај на „Твитер препукувањето“ од Ајакс.

ajax3

Се вчитува...