Ајзеа Томас го уништи Вашингтон, шампионот повторно се посрамоти

Бостон селтикс синоќа ги нагости кошаркарите на Вашингтон и ги испрати дома откако претходно максимално им го наполни обрачот. Ајзеа Томас одново блесна во зелено белиот дрес и уфрли 38 поени, што е втор негов најголем учинок оваа сезона откако против Мемфис броеше до 52. Селтикс славеа со 117-108.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/47e25f6c489f0c95f8bc22f49a705ea4.mp4″]

Актуелниот шампион сè уште е на врвот на табелата во Источната конференција, но синоќа одново се посрамоти откако од Портланд загуби со 102-86. Леброн Џејмс беше најефикасен со 20 поени, Кевин Лав уфрли три помалку, а Кајри Ирвинг само 11 поени. Кошаркарите на Портланд кои и на минатиот натпревар против Јута ја демонстрираа својата моќ, беа предводени од Си Џеј Мекалум со 27 поени, три помалку уфрли Алан Креб.

Резултати:Филаделфија – Њујорк 98-97Минесота – Хјустон 119-105Оклахома – Мемфис 103-95ЛА Клиперс – Орландо 105-96

Се вчитува...