Академија Пандев не запира, Новаци славеше со Металург - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
23/03/2017 18:35
Фудбал
23/03/2017 18:21
Фудбал
23/03/2017 18:10
Фудбал
23/03/2017 15:42

Академија Пандев не запира, Новаци славеше со Металург

Академија Пандев не запира, Новаци славеше со Металург

Академија Пандев ја продолжи победничката низа од четири едноподруго натпревари, триумфирајќи во 11. коло од Втората македонска фудбалска лига со 1-2 и на гостувањето против Велазерими.

И покрај тоа што домашните поведоа преку Зекири во 26. минута, со голот на Јани Атанасов во 35. минута, Академија Пандев израмни а победата ја донесе Зоран Балдовалиев во 71. минута со удар од белата точка.

Александар Неданоски, пак, беше творецот на триумфот на Новаци на гостувањето против Металург, со головите во 30. и во 84. минута.

Со оваа победа Новаци се проби на втората позиција на табелата, каде е и Еуромилк ГЛ откако славеше на дуелот против Скопје со 3-2.

РЕЗУЛТАТИ – 11. КОЛО

Велазерими – Академија Пандев 1-2

Металург – Новаци 0-2

Хоризонт Турново – Тетекс 3-1

Еуромилк ГЛ – Скопје 3-2

Љубанци – Вардар Неготино 1-1

ТАБЕЛА: Академија Пандев 28 бода, Новаци 21, Еуромилк ГЛ 21, Скопје 19, Металург 16, Хоризонт Т. 14, Велазерими 14, Тетекс 8, Вардар Неготино 8, Љубанци Кавадарци 7 бода.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.