Академија Пандев ремизираше со казахстанскиот Шахтјор Караганди

Фудбалерите на Академија Пандев ремизираа на пријателскиот натпревар во Анталија против казахстанскиот прволигаш Шахтјор Караганди.

Струмичани одиграа без победник (1-1) против Казахстанците кои први дошле до водство во првото полувреме, но во вториот дел со погодокот на Зоран Балдовалиев, Академија Пандев стигна до ремито.

Претходно, како што е познато, Академија Пандев ремизираше без голови и со рускиот Нефтохимик, а славеше убедливо со 4-0 против Мерани Мартвили.

Се вчитува...