Академија Пандев: Срамно…. Судијата Стојчевски ги пцуеше Дориев и Пандев во Кратово!

Академија Пандев денеска загуби во Кратово со 1-0 на гостувањето против Силекс во првиот натпревар од осминафиналето во Купот на Македонија.

Меѓутоа, од прволигашот од Струмица се незадоволни од делењето на правдата на дуелот реагирајќи, како што велат, поради срамното судење на главниот судија Игор Стојчевски.

„Иако нашиот клуб секогаш причините за поразот ги бара во сопствените редови, не можеме да поминеме преку делењето на правдата на главниот судија Игор Стојчевски. Не само што неоправдано му додели црвен картон на нашиот фудбалер Давид Атанаскоски и на претставникот на клубот Југослав Тренчовски, туку по натпреварот со пцовки ги испрати македонскиот репрезентативец Љупчо Дориев и капитенот Сашко Пандев. Раководството на Академија Пандев ќе бара прегледување на снимката пред релевантни фактори во ФФМ бидејќи смета дека судењето на Стојчевски беше крајно тенденциозно. Не сакаме да помислиме дека тој имал намера или инструкции за такво делење на правдата“ – се вели во реакцијата по мечот од канцеларијата на Академија Пандев.

Реванш натпреварот меѓу двата тима во Струмица се игра на 18. октомври.

Се вчитува...