Почна релито Дакар: Ал-Атијах стартуваше шампионски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
23/06/2017 23:11
Фудбал
23/06/2017 22:38
Фудбал
23/06/2017 22:44
Ракомет
23/06/2017 21:27

Почна релито Дакар: Ал-Атијах стартуваше шампионски

Почна релито Дакар: Ал-Атијах стартуваше шампионски

Катарскиот шампион, Насер Ал-Атијах триумфираше на првата трка од релито Дакар, откако ги надмина механичките проблеми од трката. Натпреварувачката етапа е долга 454 километри, од Асунсион (Парагвај) до аргентинскиот град Резистенсија, а за почетното време беа мерени 39 километри.

Тој постави најдобро време со неговиот автомобил, кој се запали и доби помош од неговиот тимски колега, Жинел де Вилиер, да стигне до целта. Насер стигна на целта за 25 минути и 41 секунда. На второто место беше Чеви Понс, додека пак на третата позиција заврши Нани Рома, а Карлос Саинц од се стационира на четвртата позиција.

Во мотоциклистичката конкуренција, минатогодишниот шампион, Тоби Прајс ја заврши трката на 17-та позиција, со 1:25 секунди заостаток зад водечките, Ксавиер де Султре, Хуан Педреро и членовите на Хонда, Бребек, Метге и Гонсалвес.

Првиот натпреварувачки ден донесе и први повреди, па така Полјакот Јакуб Пјатек заработи сркшеница на зглобот на раката, додека пак Швајцарецот Марко Филипини ја скрши раката на стартот од оваа суперинтересна трка.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.