Алардајс го спаси Кристал Палас од испаѓање и си заминува

Менаџерот на Кристал Палас, Сем Алардајс, ги шокираше фановите на клубот откако одлучи да си замине, иако заедно со тимот обезбеди опстанок во Премиер – лигата. Тој дојде пред шест месеци, и го презеде кормилото кога Кристал Палас беше во многу лоша ситуација на табелата, успеа да го препороди тимот и го остави во елитата, но веднаш по завршувањето на сезоната има несогласувања со раководството на клубот.

Алардајс побарал од челниците на Кристал Палас гаранции дека ќе бидат доведени неколку значајни засилувања во летниот преоден рок, но не ги добил, па заминал од состанокот со претседателот Стив Периш, притоа најавувајќи дека ќе си замине и од менаџерската функција.

Се вчитува...