Алегри: Бевме одлични, но не дадовме гол

Јувентус не успеа да го совлада Интер на домашен терен во Торино, и тоа делумно ги разочара фановите на „старата дама“. Тимот на Масимилијано Алегри беше подобар во текот на дербито, но попусто кога не успеа да ја затресе мрежата на Самир Хандановиќ.

Алегри вели дека недостигал најважниот фактор, „старата дама“ да постигне гол во мрежата на Интер.

„Беше ова значаен меч, а ние го одигравме навистина квалитетно. Имавме доминација, ја контролиравме играта, создадовме неколку убави шанси, од кои најмногу преку Манџукиќ. Но, за жал, не успеавме да постигнеме гол, а тоа е најважниот фактор на секој натпревар. Сепак, Интер е квалитетен тим, лидер е на табелата, и поседува фудбалери со одлични технички квалитети. Мислам дека ги надигравме, а Хандановиќ не спречи да славиме. Разочарани сме поради тоа, но првенството е долго, и сигурно ќе останеме во трка за шампионската титула“, изјави Алегри.

Тренерот на Јувентус ја објасни и својата одлука да го остави Пауло Дибала на клупата за резерви на почетокот од мечот.

„Првенството е долго, а ваквите дерби натпревари бараат многу трчање. Дибала има проблеми со физичките способности. Талентот и неговата желба не се спорни, но некогаш кога правите тактика, морате да мислите и на најмалите детаљи. Дибала ќе мора да поработи многу повеќе на своите физички атрибути“, истакна Алегри.

Се вчитува...