Алегри: Мојата луда идеја добро помина…

Актуелниот италијански шампион Јувентус славеше на дуелот против Лацио (2-0), а задоволството од новите три освоени бода не го криеше и стратегот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри. Според него, лудата идеја што ја имал со офанзивен состав, добро поминала на денешниот натпревар.

„Никој не очекуваше ваков Јувентус. Ни јас не размислував на тоа, но после еден тренинг сфатив дека некои работи ќе мораат да се променат. И со толку напаѓачи во тимот, не му дозволивме на Лацио да развие игра. Манџукиќ играше како во најдобрите денови. Тој е ’мотор’ на тимот, кој без прекин работи и не е изморен до последниот судиски свиреж. Мојата луда идеја добро помина на теренот и најважно е дека Јувентус може да игра и на таков начин“ – истакна Алегри.

Со овие три бода, „старата дама“ се врати во победнички ритам и се наоѓа на чело на табелата во италијанскиот шампионат со 48 бода, четири повеќе од второпласираната Рома, која вечерва на „Олимпико“ го пречекува Калјари.

Се вчитува...