Алегри на лето го презема Арсенал: „Нема да потврдам, но нема ни да демантирам“

Италијанскиот стратег Масимилијано Алегри ќе го следи патот на Антонио Конте и на лето ќе се пресели во Премиер – лигата. Тој треба да го наследи Арсен Венгер на клупата на премиерлигашот Арсенал, а шпекулациите за неговата преселба уште повеќе се засилија откако и самиот не ја демантираше можната преселба на „Емирати“.
„Нема да потврдам, но нема ни да демантирам“, изјави Масимилијано Алегри, запрашан од италијанските новинари околу неговата иднина.
Од поодамна во Италија се споменува заминувањето на Алегри од клупата на „старата дама“, а како негов можен наследник се најавува Пауло Соуса, тренерот на Фиорентина.

Се вчитува...