Алегри: Не може секоја година да играме финале

Масимилијано Алегри не го криеше разочарувањето откако Јувентус прокоцка предност од 2-0 и одигра само 2-2 на првиот осминафинален натпревар со Тотенхем. Промашените шанси во првото полувреме дефинитивно се клучни за ваквиот конечен исход на средбата во Торино.

„Чуден е фудбалот, имавме шанса за 3-0, па стана 2-1. Потоа промашивме пенал за водство од 3-1, па тие израмнија на 2-2. Сите знаевме дека ќе биде компликувано, но јасно е дека сега сме разочарани поради развојот на настаните. Ако некој мислеше дека ќе славиме со 4-0 треба уште еднаш добро да размисли, бидејќи Тотенхем е навистина силен тим. Ситуацијата не е променета, во секој случај бевме свесни дека решавачки ќе биде реваншот во Лондон. Дотогаш би требало да имаме дел од повредените играчи на располагање и ќе дадеме се од себе за да победиме. Едно е јасно, не може да се игра финале секоја година и доколку не успееме, сакам играчите да знаат дека во секој случај играме добар фудбал и пред нас имаме сериозни цели на домашната сцена“ – изјави Алегри.

Се вчитува...