Алегри: Спал не бираше средства за да не сопре

Италијанскиот првак Јувентус одигра само 0-0 на гостувањето против Спал, иако важеше за голем фаворит пред ова гостување. Но, Игуаин, Дибала и останатите фудбалери на „старата дама“ не пронајдоа начин како да го пробијат бедемот на противникот.

Тренерот Масимилијано Алегри не е задоволен од изданието на својот тим, но го истакна и начинот на кој Спал ги сопрел неговите избраници – со многу прекршоци.

„Не бевме на потребното ниво и тоа е факт. Но, факт е и дека Спал не сакаше да игра фудбал, туку нивните фудбалери се концентрираа само на прекршоци, за да ја прекинуваат нашата игра. Во секој случај, се уште сме на првото место, имаме предност, и добро е што доаѓа пауза поради репрезентативните мечеви, ќе можеме да се одмориме и да се подготвиме за тешките натпревари што ни претстојат“, изјави Алегри по ремито против Спал.

Се вчитува...