Алегри: Жал ми е што Бонучи нема да игра против Јуве

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, истакна дека му е жал што екс-фудбалерот на Јувентус, а сегашен капитен на Милан, Леонардо Бонучи ќе го пропушти вечерашното големо дерби. На „Сан Сиро“, Јувентус ќе биде пречекан од 80.000 навивачи на „росонерите“, но Бонучи поради црвениот картон кој го заработи против Џенова, ќе ја испушти првата шанса да заигра против „својот“ Јуве, откако го напушти клубот од Торино пред три месеци.

„Бонучи даде многу за Јувентус во седумте години кои ги помина играјќи во црно-белиот дрес. Жал ми е што нема да може да ги брани боите на својот нов тим во ова дерби. Клучен играч како него треба да биде достапен за тимот во вакви натпревари“, вели Алегри.

Италијанскиот стратег исто така потенцираше колку е важно за Јувентус да обезбеди три бода во Милано, но знае дека тоа ќе биде исклучително тешка мисија.

„Доаѓаме со добро расположение, па сакаме да ги обезбедиме овие важни бодови, бидејќи минатата сезона тука испуштивме бодови против двата милански клубови, тоа не смее повторно да се случи. Но, и Милан во овој меч ќе влезе со голема самодоверба по победата на Киево, па затоа ќе биде исклучително тешка задача за нас да оствариме победа. Иако Милан засега заостанува на табелата, сметам дека ќе го пронајдат својот ритам и ќе стигнат да се борат за Топ 4“, додаде Алегри.

Се вчитува...