Алекс Сандро е прескап, Конте ќе купува лев бек од Рома

Англискиот шампион Челси и дефинитвно се повлекува од трката за потписот на Алекс Сандро од Јувентус, но „сините“ одново ќе бараат лев бек во Серија А. Нова мета на менаџерот Конте е Емерсон Палмиери, бекот на Рома, а за неговите услуги „сините“ нудат 20 милиони евра.

Овој потег помалку е ризичен, знаејќи дека Бразилецот со италијански пасош пред два месеци се опорави од тешка повреда на коленото поради која ја пропушти првата третина од оваа сезона. По неговото опоравување само два пати се најде во составот на Рома, што значи дека се уште не може да игра во полн погон.

Но, Конте нема многу избор на пазарот. Јуве не попушта за Алекс Сандро, бара повеќе од 60 милиони евра, додека Порто не сака во јануари да го продаде Алекс Телес, па затоа Палмиери е единствената опција. Сепак, Челси ќе има конкуренција за неговиот потпис бидејќи и Ливерпул се интересира за него, но засега од таборот на „црвените“ нема конкретен потег.

Рома треба да продаде, па Палмиери најверојатно ќе биде меѓу првите фудбалери кои ќе ја наполнат касата, што е далеку подобра опција отколку да се продаде Стротман или Наинголан, кој во овие моменти преговара за преселба во Кина.

Се вчитува...