Алексис Санчез му вели „чао“ на Арсенал

Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез и дефинитивно го напушта Арсенал во овој зимски преоден рок. Тој беше најавуван како речиси сигурно засилување за Манчестер сити, но ќе заврши на „Олд трафорд“ кај лутиот градски ривал. Санчез воопшто не отпатува со тимот на Арсен Венгер на денешното гостување кај Бурнемаут, а веќе ги договорил личните услови со раководството на „црвените ѓаволи“. Според информациите, тој ќе заработува 400.000 фунти неделно и ќе биде најплатен фудбалер во Премиер – лигата.

Раководството на „топчиите“ сака да го продаде напаѓачот, со оглед дека на лето му истекува договорот со Арсенал и ќе може да си замине како слободен агент, без отштета. За него клубот бара сума од околу 40 милиони евра, што сепак Манчестер сити не сака да ја плати за играч кој по шест месеци ќе биде слободен да ја избере својата фудбалска средина. Иако тој е голема желба на Пеп Гвардиола, најверојатно Алексис Санчез ќе заврши во составот на Жозе Мурињо, кој е подготвен да ја плати бараната сума на Арсенал.

Се вчитува...