Алексис Санчез од одмор ќе оди на „боледување“?!

Надмудрувањето и убедувањето меѓу англискиот премиерлигаш Арсенал и чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез ќе продолжи и во наредниот период. Тој в недела треба да се врати на тренинзите на тимот, откако доби продолжен одмор поради настапот на Купот на Конфедерациите со селекцијата на Чиле, но по се изгледа дека нема намера да го стори тоа.

Санчез најави дека е болен, па можеби сега ќе замине на „боледување“. Јасно е, почнува „специјалната војна“ за негово заминување од клубот.

Алексис Санчез сака да направи трансфер во Манчестер сити и да игра во Лигата на шампионите и претстојната сезона. Тој влегува во последната година од договорот со Арсенал и очекуваше од раководството на „топчиите“ дека ќе се сложи да го продаде. Сепак, менаџерот Арсен Венгер од него очекува да се стави на располагање и да ги почне тренинзите веќе в недела.

Се вчитува...