Алексовски: Ќе бидеме на висина на задачата и против Бугарите

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година утре со почеток во 14 часот, на тренинг – центарот „Петар Милошевски“ ја пречекува селекцијата на Бугарија во пријателски натпревар, што веројатно ќе биде и последен тест пред настапот на Европското првенство во Полска. Голманот Игор Алексовски вели дека натпреварот со Бугарија е добра можност да се продолжи успешната резултатска низа.

„Секогаш е убаво чувството кога играме пред своите навивачи, тоа за нас секогаш е поттик повеќе. Добро работевме во изминатиот период. Знаеме дека како што се наближува Европското првенство и притисокот врз нас ќе станува се поголем, но не бегаме од одговорноста. Натпреварот против Бугарија е добра можност да се обидеме да ја продолжиме успешната низа. Бугарија има квалитетен состав и ќе биде одличен натпревар. За нас е важно да ги почитуваме насоките од стручниот штаб и се надевам дека ќе бидеме на висина на задачата“, изјави Алексовски.

Се вчитува...