Алфа Ромео по 32 години повторно во Формула 1

Алфа Ромео по 32 години повторно ќе биде дел од Формула 1 шампионатот, откако италијанската компанија потпиша договор за соработка со тимот на Заубер. Швајцарскиот Ф1 тим денеска објави дека потпишал договор со Алфа Ромео за оваа компанија да биде „главен спонзор“ почнувајќи од 2018 година, а во договорот е вклучна стратешка, комерцијална и технолошка соработка.

Од следната година тимот ќе се вика Алфа Ромео Заубер, а поради договорот потпишан од претходно, оваа екипа ќе користи мотори на Ферари за 2018, но не се исклучува можноста од 2019 година Алфа Ромео да биде официјален партнер и за снабдување со мотори за болидите на Заубер.

Ова е значаен чекор напред за рестрктуирање на нашиот бренд, кој повторно се враќа во Формула 1 по пауза од над 30 години. Алфа Ромео има дадено значаен придонес во историјата на овој спорт, а сега повторно ќе биде дел со искусен партнер како Заубер“ – изјави Серџо Маркионе.

Се вчитува...