Алими: Шкендија ги сака двете титули, одиме на триумф против Ренова

Шкендија ја посакува двојната круна оваа сезона, а по елиминацијата на Вардар нов предизвик за тимот на Ќатип Османи во Купот на Македонија е Ренова. Играчот за врска, Арменд Алими, најавува триумф и на утрешниот прв полуфинален меч против „гипсарите“, иако знае дека куп-натпреварувањето секогаш носи и изненадувања.

„Натпреварите во Купот се секогаш ралични во однос на првенствените. Но, ние сме максимално мотивирани и сакаме да ја освоиме двојната круна оваа сезона. Се надевам дека ќе ја продолжиме серијата победи и на утрешниот меч. Тоа е локално дерби, но ние ќе го дадеме својот максимум и верувам дека ќе обезбедиме предност пред реваншот“, изјави Арменд Алими за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...