Алимпијевиќ потврди: Антиќ подготвен за ЦСКА Москва! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 21:29
Кошарка
19/11/2017 20:35
Фудбал
19/11/2017 19:59
Фудбал
19/11/2017 19:09

Алимпијевиќ потврди: Антиќ подготвен за ЦСКА Москва!

Алимпијевиќ потврди: Антиќ подготвен за ЦСКА Москва!

Тренерот на Црвена звезда, Душан Алипијевиќ по мечот со ФМП истакна дека повредата на Перо Антиќ е санирана, па искусниот македонски кошаркар ќе биде подготвен за ЦСКА Москва, дуелот во рамките од Евролигата закажан за во среда. Звезда покрај отсуството на Антиќ, во победата против ФМП настапуваше без Лазиќ и Бјелица, но против рускиот гигант, ростерот на „црвено-белите“ ќе биде комплетиран.

„Составот го сменивме поради преуморниот Лазиќ, додека Бјелица моравме да го одмориме за ЦСКА. Добра вест е дека повредата на Антиќ е санирана, па можам да кажам дека на мечот против екипата од Москва ќе настапиме во најсилен можен состав. Тоа беше целта на ротацијата на овој меч (против ФМП), да ги одмориме носителите на играта, но и да видиме што знаат играчите кои повеќе се на клупата. Имајќи во предвид како се движеше резултатот, не е тајна дека со „резервистите“ не игравме феноменално“, истакна Алимпијевиќ.


 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.