Алиоски добар пеналџија, Лидс го изненади Барнли

Езгијан Алиоски со тимот на Лидс приреди изненадување во третото коло од Лига-купот на Англија, елиминирајќи го на гостински терен премиерлигашот Барнли, по подобро изведување на пенали.

Мечот беше максимално драматичен откако Барнли израмни на 1-1 во 85. минута од пенал, а потоа во 94. минута беше досуден нов удар од белата точка од кој Хернандез го врати Лидс во водство. И кога сите очекуваа славје на гостите, Барнли во 96. минута пред последниот судиски свиреж стигна до израмнување преку Брејди.

Алиоски влезе во игра во првото продолжение од 15 минути, а македонскиот репрезентативец имаше одговорна улога да бие како четврти во пенал-рулетот. Веднаш откако Тарковски го промаши единствениот удар од белата точка, Алиоски реализираше без никакви проблеми носејќи му предност на Лидс, што на крајот беше претворена во конечен триумф и пласман во четвртата рунда од Лига-купот на Англија.

Се вчитува...