Алиоски е македонскиот Меси – во Лидс го слават Македонецот

На Езгјан Алиоски не му требаше многу време за да ги импресионира фановите на Лидс со извонредни игри за својот нов клуб во Чемпионшип-дивизијата.

Тој дебитираше со асистенција, а на последниот натпревар, на гостински терен со Нотингем форест, го постигна и својот прв гол на официјалните средби на „островот“, потврдувајќи дека е најголемо засилување на Лидс за оваа сезона.

Навивачите знаат да ги ценат одличните настапи на нашиот интернационалец, кого во Лидс се почесто го опишуваат како „македонскиот Меси“.

alioski mesi

Ова дефинитивно е само мотив повеќе за Алиоски да продолжи во ист стил и на натпреварите што следат, во кои Лидс ќе се обиде да ја продолжи серијата од пет меча без пораз во Чемпионшип-дивизијата.

Се вчитува...