Алиоски „стрела“ во серија: Со волеј до нов гол за Лидс

Езгијан Алиоски ја продолжи серијата одлични игри во дресот на Лидс и на вечерашното гостување во Чемпионшип-дивизијата против Вулверхемптон, на кое македонскиот репрезентативец го постигна својот трет гол на последните три меча за својата екипа.

Лидс беше во негатива од 2-0 по првото полувреме, но Алиоски ја врати надежта кај своите соиграчи постигнувајќи прекрасен погодок со волеј удар, биејќи незапирливо од десетина метри кон противничката мрежа.

Се вчитува...