Алиоски влезе во игра и по две минути даде гол за Лидс (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски беше стрелец на погодок за својот тим Лидс јунајтед во ремито (2-2) против Дерби во Чемпионшип – дивизијата на Англија. Тој го стартуваше мечот како резерва, но доби шанса во финишот и ја искористи на најдобар можен начин, постигнувајќи гол по пауза од речиси три месеци.

Алиоски влезе во игра во 77.минута, а само две минути подоцна и побегна на противничката одбрана и постигна гол за водство од 1-2. Сепак, Лидс јунајтед не ја задржа предноста и мораше да се задоволи со реми на овој меч.

Се вчитува...