Алисон: Загубивме, но се уште сме ’живи’ за реваншот пред нашите гледачи во Рим

Италијанскиот калчолигаш Рома загуби со 2-1 на гостувањето против Шахтјор Доњецк во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Чуварот на мрежата на „волчицата“, Алисон, верува дека и покрај минималниот пораз, Рома има повеќе од реални шанси да се пласира во четвртфиналето.

„Загубивме, но се уште сме ’живи’. Има реванш во Рим, на кој ќе се потрудиме да ја надоместиме оваа негатива. Штета, имавме водство по првиот дел, имавме и игра, а потоа направивме некои грешки кои се покажаа како кобни за нас. Но, има уште 90 минути за игра во двомечот со Шахтјор Доњецк и мислам дека пред нашите гледачи ќе бидеме многу поубедливи“, изјави голманот на Рома, кој имаше неколку блескави одбрани.

Се вчитува...