Алкалоид ја „збриша“ француска Ница, прв пораз на Гамбит

Шахистите на Алкалоид ја запишаа и третата победа на Европскиот куп на шампионите кој се одржува во Анталија, Турција, славејќи во 4. коло против француска Ница убедливо со 5-1.

„Фармацевтите“ победија на пет табли, а единствениот пораз го доживеа украинскиот велемајстор Павел Елјанов (2720) на втората табла од ВМ Максим Легард (2594).

ding liren
ВМ Лирен Динг (Алкалоид)

Победи извојуваа кинескиот велемајстор Лирен Динг (2772) на првата табла, Дмитриј Андрејкин (2705) на третата табла, кинескиот велемајстор Ју Јингжи (2743) на четвртата табла, Русинот Дмитриј Јаковенко (2710) на петтата табла и Украинецот Јури Криворучко (2693) на шестата табла.

Шахистите на Гамбите Асеко, пак, го доживеаја првиот порез и тоа од првиот фаворит за шампионската титула, Глобус со убедливи 5,5-0,5. Единствено реми запиша ИМ Марјан Митков (2332) на петтата табла кој го подели поенот со украинскиот велемајстор Антон Коробов (2652).

Со по 6 бода од четири натпревари, Алкалоид и Гамбит се на делба од 3. до 10. место. Утре, во 5. коло, Алкалоид (втор според рејтинг на купот) ќе игра против десеторангираниот Обетиво Падова од Италија, додека Гамбит ќе се соочи со Баја Маре (седморангиран според рејтингот).

Се вчитува...