Алонсо е оптимист: Доаѓаат добри денови за Мекларен

Фернандо Алонсо по неколкуте разочарувачки сезони со тимот на Мекларен сега со оптимизам гледа на претстојниот предизвик, пред се поради промената на партнерот кога станува збор за производство на моторите за болидите на британскиот Ф1 тим. Разочарувањата со Хонда се веќе минато, а Алонсо е оптимист дека партнерството со Рено може да донесе бројни радосни моменти за Мекларен веќе оваа година.

Имав можност да го тестирам болидот и слободно можам да кажам дека доаѓаат добри денови за Мекларен. Се мачевме во изминатите години, но мотивацијата секогаш ни беше на највисоко ниво. Во претходните сезони бевме обединети и покрај слабите перформанси, очекувам годинава конечно да се видат резултатите од нашата макотрпна работа. Првиот впечаток за болидот ми е фантастичен, едвај чекам да сум во можност да комплетирам цел круг со максимална брзина“ – истакна Алонсо.

Се вчитува...