Алтхаус го одигра последниот натпревар: Секогаш ќе бидам со Вардар

 ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски

Ања Алтхаус ја завршува кариерата. Нејзиниот последен натпревар во кариерата беше ова финале со Вардар во Лигата на шампионите, кое за жал не успеа да го круниса со победа и со титула. Германската ракометарка ја преплавија емоции и со солзи во очите вети дека и по завршувањето на кариерата секогаш ќе биде со Вардар.

Имавме неверојатен меч, одлична атмосфера. Беше многу тежок меч. Гпрда сум на мојот тим,. Правевме грешки во првиот дел, но успеавме да се вратиме во натпреварот. Показавме борбеност и желба. Ова е мој последен натпревар и го доживеав со многу емоции. Благодарност за Вардар за се што сторија за мене. Им посакувам среќа наредната година, секогаш ќе бидам со Вардар и ќе навивам“ – рече Алтхаус.

Во својата кариера германската ракометарка има две шампионски титули со Виборг, но нејзина неоставарен желба остана да го подигне победничкиот пехар и со екипата на Вардар. Алтхаус во македонскиот шампион дојде во 2014 година. По завршувањето на играчката кариера, како што најави, Алтхаус ќе и се посвети на тренерската кариера.

Се вчитува...