Алтипармаковски се сели во Литванија

Македонскиот фудбалски интернационалец Марјан Алтипармаковски од Хрватска се сели во Литванија. Досегашниот напаѓач на Интер Запрешиќ по само шест месеци и официјално си замина од клубот, а иако имаше најави дека можеби ќе се врати во Работнички, тој доби понуда за продолжување на кариерата во Литванија. Во текот на утрешниот ден треба да потпише договор со литванскиот тим Судува, кој е еден од фаворитите за највисок пласман во тамошниот шампионат.

Претходно Алтипармаковски две години со успех го носеше дресот на Работнички, но, за жал не успеа да се наметне со игри и со погодоци и во Интер Запрешиќ. Сега нова станица во неговата кариера ќе биде Литванија.

Се вчитува...