Алтипармаковски се враќа во Работнички

Напачот Марјан Алтипармаковски ја заврши авантурата во хрватскиот клуб Интер Запрешиќ. Тој ги договори речиси сите детали со раководството на „романтичарите“ за да се врати во клубот од Дебар Маало и од понеделник треба да се приклучи на својот старо-нов тим. Ова го потврдува и претседателот на Работнички, Драган Поповски.

„Алтипармаковски се враќа во Работнички. Со него е постигнат начелен договор, остануваат да се расчистат уште некои детали, и тој официјално повторно да биде член на Работнички. Очекуваме од понеделник да се приклучи на тимот и сигурно дека како повратник во клубот ќе биде значајно засилување за нашиот состав“, вели за ЕКИПА, претседателот на Работнички, Драган Поповски.

Се вчитува...