Амандин Лејно: Играме со голема енергија, не чека тешко финале

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Игор Паневски

Амандин Лејно со своите 12 одбрани внесе дополнителна сигурност во играта на Вардар, во големата победа на вардарки против ЧСМ Букурешт. Лејно заедно со Суслина, Радичевиќ, Лекиќ и Хмирова се онаа петорка што е во составот на Вардар во сите четири настапи на Ф4 туирнирот во ЛШ во изминатите четири години. И разбирлива беше радоста по денешната победа.

„Многу сум сум среќна , конечно играме во финале. Претходните години се боревме, но сега го почнавме мечот многу силно. Се што направивме во првото полувреме беше со многу енергија. Игравме добро во одбраната, во нападот. Тоа ни даде многу поголема самодоверба. Претходно бевме постојано под стрес, толку многу посакувавме да ја освоиме Лигата на шампионите и горевме во таа желба. И ние сме луѓе. Тоа понекогаш знае да биде многу тешко кога се носи тој притисок. Се надевам дека годинава ќе многу подобро“ – истакна Амандин Лејно.

Време за прослава и опуштање нема многу. Веќе утре варадки (17.45 ч.) ги чека мечот за кој сонуваат сите овие години, финалето против Ѓер за прва титула во ЛШ.

Не очекува финалето со Ѓер, знаеме дека тоа ќе биде многу тежок меч. Тие играат 60 минути, трчаат 60 минути, имаат силен тим, имаат многу контранапади. Ако ги сопреме нивните контри, мислам дека ќе биде добро за нас. Дали ќе биде победа, ќе видиме. Јас се надевам дека ќе биде“ – оптимистички најавува голманката на Вардар.

Се вчитува...