Америка – Европа 7-0!… Загубија и Хрватите од Перу, и Италија, и Чешка, и Исланд!

Тотален „колапс“ на европските селекции на пријателските натпревари против репрезентациите од американскиот континент во рамките на подготовките за Светското првенство.

Откако вчера Италија загуби од Аргентина со 2-0, Уругвај ја доби селекцијата на Чешка, Франција загуби од Колумбија со 2-3 а Русија беше поразена од Бразил со 3-0 на крајот синоќа и Хрватска загуби од селекција од Јужна Америка.

„Коцкестите“ загубија од Перу со 2-0, во меч во кој головите ги постигнаа Кариљо во 12. минута и Флорес во 48. минута.


Хрватска одигра крајно лош натпревар во кој ѕвездите Модриќ, Ракитиќ, Манџукиќ…, не успејаа сериозно да парираат на противникот.

На крајот, за да биде заокружен очајниот ден на европјаните се погрижија и Исланд и Шкотска кои загубија од селекции од Централна Америка. Шкотска загуби со 0-1 од Костарика, а Исланд со 0-3 беше поразен од Мексико.

Се вчитува...