Анчелоти: Ќе биде тешко со Реал, судиите секогаш се за нив

Баерн Минхен и Реал Мадрид ќе имаат мега-пресметка во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Првиот меч ќе се играат на „Алијанц арена“, а потоа ќе следи и реванш на „Сантијаго Бернабеу“. Тренерот на баварскиот клуб, Карло Анчелоти, ја освои „децима“ со „кралевите“, а сега ќе биде на спротивната страна, како кормилар на Баерн Минхен. Тој вели дека Реал Мадрид секогаш има мала предност, но поради судиите.

„Ќе биде тежок и неизвесен дуел. Го познавам тимот на Реал Мадрид многу добро, но го знам и клубот. Тие секогаш имаат мала предност кај судиите. Некои мали, но така значајни одлуки секогаш одат на страната на Реал. Но, јас сум уверен дека Баерн Минхен може да излезе како победник во двомечот со Реал Мадрид. Тие се актуелни европски и светски клупски прваци, и секако дека заслужуваат максимална почит“, изјави Карло Анчелоти.

Се вчитува...