Анчелоти: Не сум далеку од клупата на Италија

Карло Анчелоти ужива во паузата откако на почетокот од сезонава доби отказ во Баерн Минхен, но искусниот стратег исто така и во меѓувреме ги планира следните потези во кариерата. Иако сериозен интерес за неговите услуги покажува Арсенал, Анчелоти откри дека во моментов се наоѓа најблизу до камбек во татковината, и тоа како селектор на италијанската репрезентација.

„Не знам што ќе се случи. Дали ќе бидам селектор на Италија? Не сум далеку од тоа, разговарав со новиот претседател Костакурта уште пред да стане претседател. Сега мораме само да чекаме“ – изјави Анчелоти.

Покрај Анчелоти сериозен кандидат за оваа функција е Антонио Конте, но за стратегот на Челси се интересираат и Интер и ПСЖ, поради што тој планира да остане во клупскиот фудбал.

Се вчитува...