Анчелоти: Ваква страст за фудбал да покажеме и во Лондон

Кога во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе се забележи победа од 5-1, нормално е да се биде задоволен. Такво беше расположението на Карло Анчелоти на прес-конференцијата по дуелот со Арсенал, на која тренерот на Баерн не ја криеше гордоста од изданието на своите избраници.

Игравме фантастичен фудбал против силен ривал и постигнавме пет гола, нормално дека сум презадоволен. Многу работи во нашата игра функционираа како што треба, очекувам во ист стил да продолжиме, но и ваква страст за фудбал да покажеме и на реваншот во Лондон“ – изјави Анчелоти.

Италијанскиот стратег изненади со одлуката Томас Милер да се пресели на клупата, а на негово место шанса да добие Тијаго Алкантара, кој со два погодоци беше клучен играч на оваа средба.

Добро ги познавам квалитетите на Тијаго и знаев што може да понуди на оваа средба. Одигра перфектно, а двата гола беа само награда за целокупното издание“ – го пофали тренерот на Баерн шпанскиот репрезентативец.

Се вчитува...