Андон Бошковски си замина од Еурофарм Работник

Андон Бошковски не е веќе тренер на Еурофарм Работник. Тој одлучи да си замине од клубот, а како што информира Еурофарм Работник на својот официјален сајт, причиниоте се од лична и спортска природа на тренерот.

„РК Еурофарм Работник ја раскина соработката со досегашниот тренер г-дин Андон Бошковски. Причините за раскинување на соработката се од лична и спортска природа на тренерот. Раководството на РК Еурофарм Работник го прифати предлогот за раскинување на соработката. Клубот му се заблагодарува на Андон Бошковски за досегашната соработка и му посакува многу успеси во натамошниот дел од кариерата“, соопшти Еурофарм Работник.

Се вчитува...