Андонова навиваше, а ПСЖ ја ’газеше’ Барса…

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова вечерва беше присутна на „Паркот на принцовите“ и навиваше за тимот на Пари Сен Жермен во дуелот против Барселона во Лигата на шампионите. „Светците“ победија со убедливи 4-0 и прикажаа импресивна игра, а имаа поддршка и од припадничките на женскиот тим.

Андонова оваа зима од шведскиот Розенгард направи мега-трансфер во ПСЖ и веќе се ’одомаќини’ во Париз. Таа редовно ги следи и настапите на машкиот тим на Пари Сен Жермен.

Се вчитува...