Андонова не дозволи пораз од Гркинките (1-1) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/11/2017 17:32
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42

Андонова не дозволи пораз од Гркинките (1-1)

Наташа Андонова, нашата најдобра фудбалерка, ја спаси Македонија од пораз во квалификацискиот дуел со Грција што се одигра во Прилеп. Со голот што го постигна во 86.минута од слободен удар таа му донесе реми на нашиот женски фудбалски национален тим во дуелот што беше и нешто повеќе од фудбал.
 
 
Ривалитетот со Грција си го стори своето, па затоа беше многу важно да не се загуби овој квалификациски меч. Избраничките на селекторот Добре Димовски беа посебно мотивирани, но Грција сепак дојде во водство во првото полувреме, со погодокот на Анастасиа Пападопуло во 37.минута од средбата. Само две минути подоцна Гркинките останаа со фудбалерка помалку на теренот, откако Мариа Адамаки заработи втор жолт картон и исклучување.
 
 
Оттогаш Македонија тргна многу поотворено во обид за израмнување на резултатот, а во тоа успеа нашата најдобра фудбалерка Наташа Андонова во 86 минута од мечот. Со одлично изведен удар успеа да ја изненади противничката голманка Елени Харалампиду и на Македонија и донесе реми во дуелот со лутиот ривал.       

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.