Андонова опасна од корнер и во ЛШ (видео)

Наташа Андонова пред околу еден месец постигна феноменален гол од корнер во шпанското првенство, а македонската фудбалерка за малку ќе го повтореше истото и во Лигата на шампионите, и тоа на дуелот против главниот фаворит за европската круна Лион.

Барселона вечерва гостуваше во Франција и загуби со минимални 2-1, а единствениот гол каталонскиот тим го постигна токму при корнерот на Андонова. Најдобрата македонска фудбалерка извонредно го изведе ударот од аголот, домашната голманка едвај спречи топката директно од корнер да заврши во нејзината мрежа, но на вистинско место се најди Патри, која од непосредна близина ја затресе мрежата на Лион.

Андонова влезе во игра во второто полувреме и се покажа во одлично светло, па за очекување е на реваншот во Барселона да добие шанса во стартниот тим на каталонците.

Се вчитува...