Андонова почна со авантурата „Барса“

Женскиот фудбалски клуб Барселона денеска и официјално ги стартува подготовките за новата сезона, во која каталонскиот гигант за адут ќе ја има и најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова. Таа пристигнува во Барса од редовите на Пари сен Жермен, откако претходно со голем успех настапуваше и за шведскиот првак Розенгард.

Токму Македонката беше во центарот на вниманието на денешните лекарски прегледи, во ситуација кога голем дел од останатите засилувања ќе доцнат со подготовките поради настапот за своите национални селекции на ЕП во Холандија.

Новиот тренер Фран Санчез ќе има тешка задача да го воигра тимот за атак на трофејот во ЛШ во ситуација кога Барса летово доведе неколку врвни засилувања, па покрај Андонова во своите редови ги ангажираше и Елисе Бусалја од Волфсбург, Тони Дуган од Манчестер сити, Лике Мартенс од Розенгард и Бразилската Фабијана од Коринтијанс.

Се вчитува...